(Видео) „Ние одлучуваме!“ во Велес


Објавено на 30/10/2016 во Настани и новости
(Видео) „Ние одлучуваме!“ во Велес

Иселувањето на младите, загаденоста на почвата и сиромаштијата се главните проблеми за кои велешани разговараа со активистите во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. Жителите на Велес добија бесплатен примерок на весникот „Ние одлучуваме“ и при тоа посочија дека повеќе од 10.000 граѓани се отселени од градот во последните години.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.