(ВИДЕО) „Ние одлучуваме“ во Струмица на 29.10.2016


Објавено на 30/10/2016 во Настани и новости
(ВИДЕО) „Ние одлучуваме“ во Струмица на 29.10.2016

Шарениот камион во саботата ја посети Струмица каде по пристигањето го сопре сообраќајот во центарот на градот додека активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ испуштија летоци од покривите на околните згради и разговараа со струмичани за проблемите со кои се соочуваат делејќи им бесплатен примерок од граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.