(ВИДЕО) „Ние одлучуваме!“ во Гевгелија на 29.10.2016.


Објавено на 30/10/2016 во Настани и новости
(ВИДЕО) „Ние одлучуваме!“ во Гевгелија на 29.10.2016.

Гевгеличани со голем интерес го проследија перформансот на активистите од граѓанската акција „Ние одлучувме!“ и се придружија на пораките.

Активистите им поделија бесплатни примероци од весникот „Ние одлучуваме“ на присутните, а тие, пак, сами им пристапуваа започнувајќи разговор со активистите за нивните секојдневни проблеми.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.