(ВИДЕО) „Ние Одлучуваме!“ во Аеродром-Скопје


Објавено на 01/11/2016 во Настани и новости
(ВИДЕО) „Ние Одлучуваме!“ во Аеродром-Скопје

„Заслужуваме град полн со луѓе и живот!“, „Сакаме да дишеме чист воздух!”, „Вашиот глас одлучува, гласајте без страв и притисоци!“ беа само дел од пораките кои граѓанските активисти им ги порачаа на жителите на Општина Аеродром на вчерашниот перформас во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. На крајот од перформансот пред ТЦ Бисер беше поставено платно на кое пишуваше: „Аеродром може да дише подобро!“

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.