(ВИДЕО) „Ние одлучуваме!“ им порача на скопјани да гласаат слободно


Објавено на 31/10/2016 во Настани и новости
(ВИДЕО) „Ние одлучуваме!“ им порача на скопјани да гласаат слободно

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!” на 30.10.2016 го посети Градскиот парк во Скопje. Активистите преку мегафони испраќаа пораки до граѓаните кои шетаа во паркот да не потклекнуваат на притисоци и дека на денот на изборите само нивната волja преку нивниот глас е одлучувачка.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.