(ВИДЕО) Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Тетово и во Куманово


Објавено на 05/11/2016 во Настани и новости
(ВИДЕО) Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Тетово и во Куманово

Караванот на граѓанската акција „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!“/„NE VENDOSIM!” на 5 ноември 2016 година (сабота), одржа перформанси во Тетово и во Куманово.

Перформансот во Тетово се одржа пред Домот на културата со почеток во 14 часот, а го проследија сите затекнати граѓани, кои покажаа интерес за пораките што ги испраќаа до нив граѓанските активисти преку весници, флаери и мегафон.

Перформансот се состоеше од повеќе активности во една заедничка акција кои имаа за цел стимулирање на граѓаните да застанат и да поразговараат со граѓанските активисти околу претстојните парламентарни избори и да се охрабрат да излезат да гласаат, притоа знаејќи ги своите права во целост.

nie-odlucuvame-tetovo1

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!” беше присутна и низ кумановските улици и населби во директен контакт со граѓаните, кои што имаа можност да се запознаат со вториот број од граѓанскиот весник што го носи истото име како и акцијата.

Тоа што го привлече денес вниманието на кумановци беше четириминутниот флешмоб на градскиот плоштад Нова Југославија. Граѓанската акција денеска ги испрати следниве пораки до кумановци: „Куманово одлучува!”, „Можеме!” и „Леб за сите!”.

nie-odlucuvame-kumanovo

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!  има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.