(ВИДЕО) Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Битола


Објавено на 03/11/2016 во Настани и новости
(ВИДЕО) Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Битола

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера одржа перформанс во центарот на Битола.

Настанот започна со движењето на камионот низ најфреквентните места во градот, а потоа продолжи во центарот на Битола каде дневно минуваат неколку стотици граѓани. Во настанот беше вклучен и брендираниот камион од кој беа емитувани аудио пораки за слободно гласање, а перформансот беше засилен со банери, знамиња и звучни пораки како средства за привлекување на вниманието на сите случани минувачи.


Битолчани силно ги извикуваа следните пораки: „Можеме подобро!”, „Битола може да дише чист воздух!”,  „Битолчани може да полагаат за кола во Битола!”, „Пелистер може да има свој стадион!”. Во разговор со активистите граѓаните на Битола се пожалија дека се наоѓаат во безизлезна ситуации поради големата невработеност, иселувањето на младите и беспарицата.

„Сакам промени, ќе  гласам и секој од нас треба да гласа за да биде дел од новите промени а не  да заминуваме во Европа“, вели студентка од Битола.

nie-odlucuvame1-02-11-2016-bitolaНа крајот активистите го поделија граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“ по што караванот на акцијата замина за Ресен.

Видеото од денешниот настан во најскоро време ќе биде достапно за преземање на следниот линк: http://nieodlucuvame.mk/category/post-format-video/. Воедно, тука може да ги најдете и сите останати видеа од перформансите во рамки на акцијата „Ние одлучуваме!“ низ градовите во Македонија.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.