Весникот „Ние одлучуваме“ поделен меѓу работниците во Гевгелија


Објавено на 03/11/2016 во Настани и новости
Весникот „Ние одлучуваме“ поделен меѓу работниците во Гевгелија

Најголемиот број од работничката класа во Гевгелија е незадоволна од животот и напредокот во сегашноста и во изминатото десетлетие. Незадоволни од примањата, куповната моќ со платата, можноста да им ги овозможат секојдневните потреби на децата, дури и нивното животно и деловно осамостојување.

– „Не ми треба весник за да знам дека не ми е подобро. Синот не ми е вработен, а 20 години сме во семејството членови на ВМРО“, се жали една работничка која го прими бесплатниот примерок на весникот „Ние одлучуваме“ од граѓанските активисти во Гевгелија сложувајќи се дека промените се неопходни во општеството.

Работничката класа во Гевгелија можеби не гладува, но не е среќна по однос на напредокот кој го посакува во животот, а тоа е освен храна да имаш услови да ги задоволиш и другите потреби за живот, добро школување за децата, опремени животни услови, платен одмор, време и средства за рекреација, здравство кое ќе нуди ефективност, вработување за младите, а тука е и проблемот со небезбедната вода за пиење во Гевгелија

Акцијата на делење бесплатни примероци на граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“ во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро!“ беше изведена на улица „Индустриска“ каде се лоцирани над 10 производни фирми во Гевгелија, со близу 1.500 вработени лица. Изморените работнички и работници, иако на крајот од работниот ден, со интерес подзастануваа да земат весник, и тие кои одеа пеш, и тие кои беа на велосипед, и тие кои беа во автомобил, подавајќи рака од подотворениот прозорец да го дофатат весникот.

Весник добија и сопствениците на тезги кои овде секојдневно пред крајот на работниот ден се распростираат со своите тезги нудејќи земјоделски производи, текстил, постелнина, за вработените жени кои не можат да одвојат време да појдат на пазар за домашните набавки.

На прашањето дали им е подобра живеачката и заработката денеска наспроти лани, или другите изминати години, со прекор одговараат:

„Не ме прашувај. Уста не ми се отвара да кажам. Еве седи тука до тезгата и гледај што и колку ќе продадам денеска, па самиот види дали е тоа доста за живот“, вели еден од продавачите

„Јас сум пензионер, ама еве работам и земјоделие за да имам повеќе за живот. Што да ви кажам. Зелката ми стои на нива, порасна по 4 килограми од корен, а нема кој да ја купи. Така за џабе се мачиме. Имам од пензијата, имам за храна, ама немам да им помогнам на децата кои се без работа“, се жали повозрасен жител на Гевгелија кој во своите седумдесетти години уште е активен производител, ама аир не видел од рекламираните земјоделски субвенции.

„Не ме прашувај. Уста не ми се отвара да кажам. Еве седи тука до тезгата и гледај што и колку ќе продадам денеска, па самиот види дали е тоа доста за живот“, вели еден од продавачите.

Работничката класа во Гевгелија можеби не гладува, но не е среќна по однос на напредокот кој го посакува во животот, а тоа е освен храна да имаш услови да ги задоволиш и другите потреби за живот, добро школување за децата, опремени животни услови, платен одмор, време и средства за рекреација, здравство кое ќе нуди ефективност, вработување за младите, а тука е и проблемот со небезбедната вода за пиење во Гевгелија.

Гевгеличани се свесни за своите потреби и дека во моментот не ги остваруваат целосно и задоволително, и затоа се придружија на пораките „Бараме промени!“ и „Можеме подобро!“, се разбира со гласот на граѓаните за промени во општествената организација на претстојните избори закажани за 11 декември годинава.





Comments are closed.