Шампиони според бројот на мртвородени бебиња, „отепани“ според бројот на педијатри


Објавено на 09/11/2016 во Настани и новости
Шампиони според бројот на мртвородени бебиња, „отепани“ според бројот на педијатри

Кога е во прашање здравствената нега што ја добиваат нашите деца, тогаш дефинитивно системот е пропаднат на сите нивоа. Прв предизвик со кој се соочува секое новороденче е да излезе живо и здраво од родилиштето. Де ка тоа не е така лесно, зборуваат и алармантните бројки, кои покажу ваат дека секоја година сè повеќе расте стапката на доенечка смрт. Во 2007 година доенечката смртност беше 7,3 отсто, а веќе во 2013 годи на 9,9 отсто и е двојно повисока од европскиот просек (4,2). Тоа се 229 умрени доенчиња во една година!

Според последните по­ датоци за 2014 година на Државниот завод за статистика, стапката на перинатална смртност е 14,3 на 1.000 новоро­ дени и е речиси тројно повисока од европскиот просек. Педијатрите кај нас веќе неколку годи­ ни се редок вид, но за жал, не и заштитен.

Според последните податоци за 2014 година на Државниот завод за статистика, стапката на перинатал на смртност е 14,3 на 1.000 новоро дени и е речиси тројно повисока од европскиот просек. Ако продолжи овој тренд, во 2020 година ќе нема кој да се грижи за децата до шест години. Недостиг на апарати, не достиг на лекари, недостиг на ле кови, тоа се причините во кои треба да се бараат проблемите и тие да се решаваат, но нашите здравстве ни власти сè уште не може ниту да признаат дека имаме проблем, дека родилиштата ни се претворија во губилишта. И ако новороденчето ja помине оваа прва препрека, доаѓа втората. Родителите се соочени со предиз вик да најдат педијатар кај кого детето ќе добие квалитетна здрав ствена заштита.

Педијатрите кај нас веќе неколку години се редок вид, но, за жал, не и заштитен. До 2020 година се прогнозира дека во примарната заштита нема да има ниту еден педијатар, а грижата за децата ќе биде целосно оставена на општите односно семејните лекари, систем што во земјите каде што се имплементирал, како на пример Холандија, покажал дека тоа не е вистинскиот начин на грижа за децата, зашто довел до пораст на стапките на смртност.

Здравство смртно опасно за детските животи

– Кај педијатарот секогаш е гуж ва. Бидејќи има многу матични пациенти, секогаш барем десети на деца има пред нас во редот. По следниот пат кога ми беше детето болно, наместо да се излекува за 10 дена, заглавивме еден месец. По првата доза антибиотик го однесов на лекар, но пред нас имаше мно гу деца со стомачен вирус, па за да не „закачиме“ други проблеми, си заминавме. Утредента во ордина цијата немаше лекар бидејќи и тој добил стомачен вирус па не бил во состојба да дојде на работа. И така, на своја рака после 10 дена амоксиклав го прекинав сирупот. По само еден ден на детето му се покачи температурата и потоа уште 15 дена беше на силни антибиотици. Да можевме да дојдеме на ред кај лекарот, уште после 7 дена ќе се ви деше дека терапијата што му ја дал не делува, па навреме ќе земевме нешто друго. И можеби, ако лекарот не прегледува по сто деца во денот, ќе може да им обрне повеќе внимание, па нема да ја промаши терапијата – вели Мирјана П., мајка на четиригодишно дете од Скопје.

Проблемот со недостигот на ле кари е присутен и во болниците. Според болнички извори, само на Детската клиника, која е највисо ка и единствена установа од ваков вид во земјава, недостасуваат нај малку дваесет специјалисти, чија работа сега е префрлена на специ јализантите, кои наместо да учат од поискусен специјалист, учат од сопствените грешки што ги прават при лекувањето на децата.





Comments are closed.