Прилепчани бараат подобро здравство


Објавено на 02/11/2016 во Настани и новости
Прилепчани бараат подобро здравство

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска одржа перформанс во центарот на Прилеп.

Настанот вклучуваше озвучен брендиран камион, од кој се емитуваа аудио пораките на акцијата, а перформансот беше засилен со банери, знамиња и приотехнички средства кои го привлекоа вниманието на прилепчани.

nie-odlucuvame1-prilep-02-11-2016

Над дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои се оптеретени граѓаните на Прилеп и на Македонија. Прилепчани бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со голема смртност на родилки и недостиг на лекарски кадар и адекватна опрема во сите здравствени установи. Иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и безработицата кои што владеат во Прилеп, се клучните проблеми за кои прилепчани бараат промени.

nie-odlucuvame2-prilep-02-11-2016

Видеото од денешниот настан во најскоро време ќе биде достапно за преземање на следниот линк: http://nieodlucuvame.mk/category/post-format-video/. Воедно, тука може да ги најдете и сите останати видеа од перформансите во рамки на акцијата „Ние одлучуваме!“ низ градовите во Македонија.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.