Пријава од новинар на бесплатната СОС линија за изборни нерегуларности 0800 88 888


Објавено на 04/11/2016 во Пријави

„На 31 октомври, во периодот од 19 до 20 часот, во холот на основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром е одржан партиски собир од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. На собирот присуствувале жители од општината Аеродром, пред кои актуелниот градоначалник на општината, Ивица Конески, ја промовирал изборната стратегија на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и зборувал за  предизборните активности на партијата. Во времето на одржување на собирот во училиштето уште се одржувале вон-наставни активности со учениците. На собирот активно учествувал и директорот на училиштето. На собирот имало силно партиско обезбедување.

Во текот на настанот е нападнат новинар од страна на партиските активисти поради тоа што го фотографирал собирот. Новинарот бил однесен и затворен во мала просторија, каде што бил задржан подолго време. Нападот се случил во присуство на ученици, кои биле видно исплашени и вознемирени поради насилството.“

 

Правна помош: За вакви и слични ситуации во кои граѓаните ќе забележат одржување на партиски собири во воспитно-образовни објекти, средни училишта или високообразовни институции,  може да се поднесе претставка до Државниот просветен инспекторат.  Претставката може електронски да се поднесе преку веб страната на Државниот просветен инспекторат http://www.dpi.mon.gov.mk/index.php/podnesete-pretstavka. Исто така, граѓаните можат да се јават на бесплатната СОС линија за изборни нерегуларности 0800 88 888, по што правниот тим ќе им понуди бесплатна правна помош.

 

Доколку пак граѓаните забележат одржување на партиски собири во објекти на други државни органи можат да поднесат преставка до Државниот управен инспекторат. Претставката можат електронски да ја поднесат на е-mail  адресата на Државниот управен инспекторат inspektorat@ mjustice.gov.mk. И во овие случаи, ако се одржуваат партиски собири во  објекти на други државни органи граѓаните можат да се јават бесплатната СОС линија за изборни нерегуларности 0800 88 888 и правниот тим ќе им понуди бесплатна правна помош.





Comments are closed.