Прес-конференција: Информирање на јавноста за изборни нерегуларности во текот на партиската кампања


Објавено на 05/12/2016 во Настани и новости
Прес-конференција: Информирање на јавноста за изборни нерегуларности во текот на партиската кампања

 

На 6 декември 2016 година (вторник), со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, ќе се одржи прес-конференција на која правниот тим што работи на бесплатната СОС линија 0800 88 888 за пријава на изборни нерегуларности во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, ќе ја информира јавноста во врска со евидентираните случаи поврзани со изборните нерегуларности и притисоците.

На прес-конференцијата ќе се обратат правниците Маја Величкова и Кастриот Мемети од СОС тимот за пружање правна помош во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“.





Comments are closed.