„Ние одлучуваме“ ја раздвижи Гевгелија


Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости
„Ние одлучуваме“ ја раздвижи Гевгелија

Граѓанската платформа „Ние одлучуваме“ со стартот на акцијата и карванот на „Можеме подобро“ го трансформира југот на Македонија во „Гевгелија одлучува“.

Ваков транспарент беше испишан на најстарата зграда на улица „Маршал Тито“ во центарот на градот проследено со перформанс на движечки пораки, пароли за подобра живеачка, подобар стандард на граѓаните, подобро здравство кое ќе лекува наместо конфузниот „мој термин“, за достоен и пристоен живот овде на секој поединец, а не да се бара егзистенција со одселување во странство.

gevgelija-za-objavuvanje1

Гевгеличани со интерес го проследија перформансот и се придружија на пораките. Освен активистите кои им поделија бесплатни примероци од весникот „Ние одлучуваме“, повеќето присутни граѓани на попладневното сонце во Гевгелија сами им пристапуваа започнувајќи разговор со активистите.

„Дали може подобро? Секако дека може и треба подобро. Од овие апаши нема живот. Мене и двете деца ми се отселија во странство на работа. Јас сум без работа и тие ме издржуваат, праќајќи ми пари од странство. Тоа ли е иднина, да чекаш пари за живеачка од децата?“, се жали еден средовечен граѓанин на Гевгелија.

14639641_10202495403464291_182128492107243442_nТој додава оти одамна требаше некоја граѓанска сила да го размрда ова општество. „Гевгелија важеше за град каде сите имаат, зошто земјата раѓа богат род, но дојде време кога младите останаа без работа. Еве јас пум пензионер, со инвалидска пензија, па сакам да ви се придружам и да ве поддржам во активностите дека можеме подобро да живееме, ако се потрудиме секој да го даде својот глас за промени во структурите на тие што одлучуваат и влијаат на нашиот живот“, се согласи со активистите срдовечниот гевгеличанец.

Активистите на насобраните граѓани им делеа бесплатни весници и разговараа со нив за клучните проблеми во општеството, како што се здравството, сиромаштијата, образованието, иселувањето на младите, немањето работа за лицата со подолг работен стаж кои останале без работа, за испостеното мало стопанство, за маките на земјоделците.

14910457_10202494424759824_672887525559010340_n

Младите со ведрина ги прафаќаа бесплатните примероци од весникот посочувајќи дека секогаш се спремни за подобар живот овде во Гевгелија.

Шарениот камион „Можеме подобро“ ги освои погледите и реакциите на многу гевгеличани поминувајќи низ улиците, булеварите со разглас за акцијата „Ние Одлучуваме“ во која се вклучи и Гевгелија заедно со уште 20 граѓански организации во Македонија. Целта е да се охрабри граѓанското општество и граѓаните дека имаат можност да одлучуваат за промени во општеството искористувајќи го своето право на избор и право на глас на 11 декември годинава.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.