Караванот „Ние одлучуваме!” во Градскиот парк-Скопje


Објавено на 30/10/2016 во Настани и новости
Караванот „Ние одлучуваме!” во Градскиот парк-Скопje

Денеска караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!” го посети Градскиот парк во Скопje. Нешто малку после 13 часот, групата активисти пристигнаа со нивниот камион пред фонтаната во паркот и започнаа со своjoт перформанс, коj имаше за цел да ги охрабри граѓаните да го искористат своето право на глас на престојните избори.

cwbeeckw8aezv6k

Активистите преку мегафони испраќаа пораки до граѓаните кои шетаа во паркот да не потклекнуваат на притисоци и дека на денот на изборите само нивната волja преку нивниот глас е одлучувачка.

14910350_1105942299503718_3155188797528417935_nПочетокот на перформансот беше спектакуларно означен со пиротехнички средства, а активистите преку транспаренти испратиja неколку пораки: „Скопje одлучува“, „Скопje радост ти ќе бидеш“, „Скопje може да дише чист воздух“, а една од пораките беше „МОЖЕМЕ“ – испишана со големи жолти букви од стиропор. Низ градскиот парк беа поделени неколку стотици примероци од весникот „Ние одлучуваме“, а симболично како предвесник на слободата беа пуштени балони во боите на акцијата.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.