Караванот на „Ние одлучуваме!“ ги повика штипјани да гласаат без страв


Објавено на 28/10/2016 во Настани и новости
Караванот на „Ние одлучуваме!“ ги повика штипјани да гласаат без страв

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ попладнево помина и низ штипските улици повикувајќи на разум и поттикнувајќи ги штипјани да почнат да размислуваат поинаку.stip-za-objavuvanje

Локалните граѓански активисти разговараа со своите сограѓани за важноста да излезат на избори и да гласаат, а воедно ги информираа дека доколку забележат некои неправилности слободно можат анонимно да ги пријават на СОС линијата 0800 88 888, секој работен ден од 9 до 21 часот.

stip-za-objavuvanje1Горан Трајков, активист од Штип, посочи дека преку оваа граѓанска акција најбргу може да се привлече вниманието на штипјани. Тој, исто така, надопoлни дека со граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“ сите ќе бидат потсетени за состојбите во здравството, образованието и невработеноста во Македонија.

Покрај Штип, караванот на „Ние одлучуваме“ заедно со шарениот камион кој емитува звучни пораки, денес ги посети и Кавадарци и Велес каде активистите имаа свој перформанс, а беа поделени и бесплатни примероци од весникот.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.