Иселувањето, немаштијата и загаденоста најголеми проблеми за велешани


Објавено на 28/10/2016 во Настани и новости
Иселувањето, немаштијата и загаденоста најголеми проблеми за велешани

Иселувањето на младите, загаденоста на почвата и сиромаштијата се главните проблеми за кои велешани денеска разговараа со активистите во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. Жителите на Велес добија бесплатен примерок на весникот „Ние одлучуваме“ и при тоа посочија дека повеќе од 10.000 граѓани се отселени од градот во последните години.

veles-za-objavuvanje-5

Проблемот со иселувањето, велат тие, е директно поврзан со немаштијата и безработицата. Самохрана мајка со две деца од Велес посочи дека властите и ги одбиле сите барања за помош од државните институции.

veles-za-objavuvanje

„Со 4.000 денари месечно не можеме да платиме ниту струја и вода. Многу малку ни останува за храна“, вели друг постар жител на градот.

Воедно, граѓаните на Велес потенцираа дека последиците врз здравјето од  загаденоста на почвата во близина на згурата настаната од тридецениското работење на топилницата се огромни.

veles-za-objavuvanje-1

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме“ заедно со шарениот камион кој емитува звучни пораки и повикува на слободно гласање на предвремените избори на 11 декември, се движеше во централното подрачје на градот.

veles-za-objavuvanje-2

По завршувањето на патувачката рута, камионот се постави на плоштадот С’рмаале каде граѓанските активисти изведоа перформанс и разговараа со граѓаните.

Со делењето на весникот „Ние одлучуваме“ граѓанските активисти имаа можност директно да ги слушнат животните приказни и проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Велес.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.