Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ почна да се спроведува и во Куманово


Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости
Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ почна да се спроведува и во Куманово

Денес започна спроведувањето на граѓанската акција Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро! во Куманово. Неколкуте тимови од граѓански активисти можеа да се забележат на најфреквентните локации низ градот дискутирајќи со жителите на Куманово за нивните проблеми и обезбедувајќи им бесплатен примерок од весникот „Ние одлучуваме“. Активистите ги потсетуваа граѓаните дека токму тие одлучуваат за нивните претставници во државните институции, ги мотивираа да излезат да гласаат на парламентарните избори на 11 декември и со тоа да влијаат на вршење промени во општеството кон подобро. Истовремено ги охрабруваа граѓаните да гласаат по сопствено убедување без страв од закани и заплашувања за остварување на избирачкото право.

dsc09450Граѓанската акција Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да го искористат своето гласачко право на престојните избори, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.

dsc09444Акцијата се спроведува на цела територија на Република Македонија, а нејзини носители се: Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” – Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум.





Comments are closed.