Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ ја освои и Струмица


Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости
Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ ја освои и Струмица

На креативен начин, со перформанс, активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска го означија стартот на кампањата и во Струмица.

Шарениот камион го сопре сообраќајот во центарот на градот додека нашите активисти испуштија летоци од покривите на околните згради и разговараа со жителите на Струмица за проблемите со кои се соочуваат делејќи им бесплатен примерок од граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“.

strumica-za-objavuvanje5

Најчесто повторуваните проблеми од струмичани се:

  • Струмичко се празни
  • Старата болница изгледа како сцена на хорор филм
  • Секој петти граѓанин во струмичко е сиромашен.

strumica-za-objavuvanje3

Претходно шарениот камион кружеше низ улиците на Струмица, а од опремата која ја превезуваше се слушаа аудио пораки со апел до граѓаните масовно да излезат на претстојните избори закажани за 11 декември, да гласаат по сопствено убедување и волја и да пријават било каква злоупотрена на институциите, како закани, заплашувања и притисоци врз избирачкото право.

strumica-za-objavuvanje-2

Активистите на насобраните граѓани им делеа бесплатни весници и разговараа со нив за клучните проблеми во општеството, како што се здравството, сиромаштијата, образованието иселувањето на младите.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.