Граѓани пријавете ги нерегуларностите кои ќе ги забележите при увидот во избирачкиот список на 0800 88 888


Објавено на 08/11/2016 во Настани и новости
Граѓани пријавете ги нерегуларностите кои ќе ги забележите при увидот во избирачкиот список на 0800 88 888

Ги известуваме граѓаните дека согласно Роковникот на Државната изборна комисија, од 28 октомври до 11 ноември, избирачкиот список е ставен на јавен увид. Јавниот увид во избирачкиот список ќе може да се изврши во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, како и преку интернет страната на Државната изборна комисија (https://izbirackispisok.gov.mk/).

Ги охрабруваме сите граѓани да извршат проверка на податоците во избирачкиот список и доколку забележат нерегуларности во избирачкиот список истите да ги пријават.

Граѓаните кои при проверка во избирачкиот список ќе забележат непостоечки гласачи на нивната адреса имаат право да поднесат барање за промена во евиденција во избирачкиот список во МВР, кое има формирано посебно одделение за постапување по овие барања, во рамки на Секторот за управни и граѓански работи – Оддел за граѓански работи. Иако согласно Изборниот Законик, Државната изборна комисија е надлежна за постапување при вакви случаи, бевме известени дека граѓаните во неколку наврати се упатувани да поднесат барање до посебното одделение на МВР.

Земајќи ја предвид итноста и важноста на решавање на проблемот со непостоечките гласачи, ги информираме граѓаните дека во оваа постапка до МВР потребно е да поднесат:

1. своерачно потпишано барање за промена во евиденција во избирачкиот список,

2. printscreen како доказ/основа за барањето,

3. да приложат купопродажен договор или имотен лист од каде ќе се утврди сопственикот на објектот/имотот кој се води на спорната адреса.

Доколку некој граѓанин/ка не е сигурен/а за постапката при поднесување барање до надлежните институции го/ја охрабруваме да се јави на бесплатната СОС линија 0800 88 888 каде што ќе добие соодветна правна помош.





Comments are closed.