Категорија: Настани и новости


(Видео) „Ние одлучуваме!“ во Велес

Објавено на 30/10/2016 во Настани и новости

Иселувањето на младите, загаденоста на почвата и сиромаштијата се главните проблеми за кои велешани разговараа со активистите во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. Жителите на Велес добија бесплатен примерок на весникот „Ние одлучуваме“ и при тоа посочија дека повеќе од 10.000 граѓани се отселени од градот во последните години.… Прочитај повеќе ...



(Видео) Жителите на Кавадарци имаат право слободно да гласаат

Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости

Граѓаните на Кавадарци имаат право слободно да одлучат за кого ќе гласаат на следните избори без никакви притисоци и уцени – беше пораката која граѓанските активисти од акцијата „Ние одлучуваме!“ им ја кажаа на кавадарчани.… Прочитај повеќе ...



(Видео) Штип може да биде град во кој младите остануваат

Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости

Шарениот камион и активистите вклучени во граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вечра беа во Штип каде изведоа краток перформанс и разговараа со локалните жители. Воедно, на штипјани им поделија бесплатен примерок од граѓанскиот весник „Ние одлучуваме!“… Прочитај повеќе ...



Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ почна да се спроведува и во Куманово

Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости

Денес започна спроведувањето на граѓанската акција Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро! во Куманово. Неколкуте тимови од граѓански активисти можеа да се забележат на најфреквентните локации низ градот дискутирајќи со жителите на Куманово за нивните проблеми и обезбедувајќи им бесплатен примерок од весникот „Ние одлучуваме“. Активистите ги потсетуваа граѓаните дека токму тие одлучуваат за нивните претставници во државните институции, ги … Прочитај повеќе ...



„Ние одлучуваме“ ја раздвижи Гевгелија

Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости

Граѓанската платформа „Ние одлучуваме“ со стартот на акцијата и карванот на „Можеме подобро“ го трансформира југот на Македонија во „Гевгелија одлучува“.

Ваков транспарент беше испишан на најстарата зграда на улица „Маршал Тито“ во центарот на градот проследено со перформанс на движечки пораки, пароли за подобра живеачка, подобар стандард на граѓаните, подобро здравство кое ќе лекува наместо конфузниот „мој термин“, за … Прочитај повеќе ...



Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ ја освои и Струмица

Објавено на 29/10/2016 во Настани и новости

На креативен начин, со перформанс, активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска го означија стартот на кампањата и во Струмица.

Шарениот камион го сопре сообраќајот во центарот на градот додека нашите активисти испуштија летоци од покривите на околните згради и разговараа со жителите на Струмица за проблемите со кои се соочуваат делејќи им бесплатен примерок од граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“.… Прочитај повеќе ...



Караванот на „Ние одлучуваме!“ ги повика штипјани да гласаат без страв

Објавено на 28/10/2016 во Настани и новости

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ попладнево помина и низ штипските улици повикувајќи на разум и поттикнувајќи ги штипјани да почнат да размислуваат поинаку.

Локалните граѓански активисти разговараа со своите сограѓани за важноста да излезат на избори и да гласаат, а воедно ги информираа дека доколку забележат некои неправилности слободно можат анонимно да ги пријават на СОС линијата 0800 88 … Прочитај повеќе ...



Иселувањето, немаштијата и загаденоста најголеми проблеми за велешани

Објавено на 28/10/2016 во Настани и новости

Иселувањето на младите, загаденоста на почвата и сиромаштијата се главните проблеми за кои велешани денеска разговараа со активистите во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. Жителите на Велес добија бесплатен примерок на весникот „Ние одлучуваме“ и при тоа посочија дека повеќе од 10.000 граѓани се отселени од градот во последните години.

Проблемот со иселувањето, велат тие, е директно поврзан со … Прочитај повеќе ...



Почнува граѓанската акција „Ние одлучуваме!“

Објавено на 26/10/2016 во Настани и новости

На 26 октомври 2016 година (среда), со почеток во 12 часот, пред Собранието на Република Македонија во Скопје, се одржа прес-конференција по повод почетокот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“.

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ има цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции … Прочитај повеќе ...



Покана за прес-конференција

Објавено на 25/10/2016 во Настани и новости

НАЈАВА НА ГРАЃАНСКАТА АКЦИЈА „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!“

На 26 октомври 2016 година (среда), со почеток во 12 часот, пред Собранието на Република Македонија во Скопје, ќе се одржи прес-конференција по повод почетокот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, предводена од над 20 граѓански организации, која ќе се спроведува на целата територија на Македонија.

На прес-конференцијата ќе се обратат граѓанските активисти Драган … Прочитај повеќе ...