Аеродром може да дише подобро!


Објавено на 31/10/2016 во Настани и новости
Аеродром може да дише подобро!

Денеска активистите на „Ние одлучуваме!“ ја посетија населбата Аеродром и имаа перформанс пред трговскиот центар Бисер.

4ajs4dij

Неколку активисти од 13 часот го делеа бесплатниот весник „Ние одлучуваме“ и разговараа за проблемите кои ги живеат луѓето во општина Аеродром. Малку после 14 часот пред трговскиот центар Бисер пристигна и жолто-црниот камион на граѓанската акција. Перформансот почна спектакуларно со пиротехнички средства, а еден од активистите преку мегафон го побара вниманието на присутните минувачи во трговскиот. „Заслужуваме град полн со луѓе и живот!“, „Сакаме да дишеме чист воздух!”, „Вашиот глас одлучува, гласајте без страв и притисоци!“ беа дел од пораките. Пред заминување беше поставено платно на кое пишуваше: „Аеродром може да дише подобро!“

xu0vbdhd

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.





Comments are closed.